НАМИКО ги планира, координира, спроведува и ревидира сите организациски и логистички детали и ги превзема сите Ваши грижи. Ние сме единствен контакт за Вас, прилагодувајќи се кон Вашето посакуваното ниво на учество во целиот процес. Ние сме екстензија на Вашиот тим и фирма за време на настанот, спроведувајќи ги Вашите замисли, идеи и цели.
Располагаме со разгранета мрежа на партнери од најразлични области преку кои Ви обезбедуваме највисоко ниво на услуги и го правиме Вашиот настан посебен и единствен. За Вас ги договараме по најповолни услови најдобрите сали, хотели, превоз, кетеринг, забавувачи, преведувачи, техичка опрема и сите останати безброј детали потребни за остварување на успешен настан.
ПЛАНИРА настан!  |
СПРОВЕДУВА настан!  |
РЕЗИМИРА настан!  |
|