Анкарска 29а лок. 33, 1000, Скопје, Македонија | тел/факс: (02) 30 64 64 7 | e-mail: contact@namiko.com.mk
Организација на конференции и настани english | македонски

НАМИКО ги планира, координира, спроведува и ревидира сите организациски и логистички детали и ги превзема сите Ваши грижи. Ние сме единствен контакт за Вас, прилагодувајќи се кон Вашето посакуваното ниво на учество во целиот процес. Ние сме екстензија на Вашиот тим и фирма за време на настанот, спроведувајќи ги Вашите замисли, идеи и цели.

Располагаме со разгранета мрежа на партнери од најразлични области преку кои Ви обезбедуваме највисоко ниво на услуги и го правиме Вашиот настан посебен и единствен. За Вас ги договараме по најповолни услови најдобрите сали, хотели, превоз, кетеринг, забавувачи, преведувачи, техичка опрема и сите останати безброј детали потребни за остварување на успешен настан.

 

ПЛАНИРА настан!  
СПРОВЕДУВА настан!

НАШИ НАСТАНИ

РЕЗИМИРА настан!

-референци-

ПЛАНИРА настан!

За да биде се како што треба, НАМИКО ја превземаме целата одговорност на планирање на Вашиот настан, преку комплетна логистичка координација и беспрекорно извршување на сите потребни чекори. Ние Ве водиме низ избирањето на локација и поставување на временскиот распоред и се грижиме за стотици логистички и операциски детали. Ние ги договараме најдобрите цени за Вас или обезбедуваме подршка и помош низ целиот процес на букирање и договарање.

Што правиме

Избор и договарање на локација
Организација на патувања, сместувања, програми, менија, забава
Праќање на покани за настанот и потврда на присуство на гостите и предавачите
Регистрација на присуство – Интернет и на самото место на одржување на настанот
Креирање и хостирање на веб страна на настанот
Подготовка на материјали за настанот – документација, подароци, тетратки, пенкала...
Организирање на графички дизајн, печатење и дистрибуција на материјалите
Маркетинг, односи со јавност и огласување
Координација на ангажмани и распореди на останатите обезбедувачи на услуги

назад