Анкарска 29а лок. 33, 1000, Скопје, Македонија | тел/факс: (02) 30 64 64 7 | e-mail: contact@namiko.com.mk
Организација на конференции и настани english | македонски
НЕШТО ЗА НАСТАНИТЕ

 

OKI – регионална конференција за Централна Европа во Охрид

Селекција на локација, сместување, транспорт, логистичка и техничка поддршка на конференциските активности и организација на вонконференциски активности - разглед на градот, џип сафари и едрење по Охридско Езеро.

 

Hewlett-Packard – годишенa партнерскa конференција

Организација на годишнa партнерскa конференција HP New Product Introduction Event 04-06.06.2009, Охрид Сместување, логистичка и техничка поддршка на настанот, организација на вонконференциски активности – убавините и знаменитостите на Охрид и пловење по Охридско езеро.

 

Асоцијација на лекари по општа и фамилијарна медицина

Логистичка и техничка поддршка за тродневната Конференција на лекари по општа / фамилијарна медицина на земјите од Југоисточна Европа, Охрид, јуни 2007 и Охрид, јуни 2009

 

Туристички промотивни денови на регионите 2008

Маркетинг, ПР активности и поддршка при организација на промоција на Источниот, Југоисточниот, Полошкиот и Југозападниот Регион, во Мала Станица. Поддржано од ГТЗ РЕД.

Заедничка UNECEUNFPA Регионална работилница

"Во пресрет на потребите за претстојниот попис на населението, домаќинства и живеалишта 2011, тридневна регионална конференција во Охрид со учесници од 10 земји.

GOFRE проект

Обезбедување простор, логистичка и техничка поддршка за дводневниот тренинг „Градење Административните капацитети за ЕУ Интеграции“

Hewlett-Packard

Технички тренинзи во Клуб на Новинари со комплетна организација и логистичка поддршка.

Промотивни денови на Брегалничко – Струмички Регион

GTZ проект за регионален економски развој на источна Македонија, маркетинг и ПР активности за промоција на деновите на Брегалничко-Струмички регион.

Промоција на СЛБ - Интегрирани Телекомуникациски Решенија

Истражување и анализа на пазарот, маркетинг и ПР активности, стратегија за брендирање и промоција, таргетирање на потенцијални клиенти и организациска и техничка поддршка на целиот настан.

Apple Center отворање

Промовирање на брендот Apple и Дуна Компјутери како негов авторизиран дистрибутер и застапник. Маркетингшки и промотивни активности за да се привлече вниманието на општата и стручна јавност.

Psion Teklogix Партнерски собир

Еднодневен настан за партнерите на Дуна Компјутери од земјава и од странство корисници на Psion Teklogix програмата. Комплетно осмислен, организиран и спроведен од Намико, организирање и координирање на формалниот работен дел, како и на неформалниот дел од собирот.

AIESEC саем „Денови на кариера“

Осмислување и брендирање на изложбениот простор на Дуна Компјутери, спроведена акција за привлекување на потенцијални стипендисти на компанијата, изработени соодветни тестови за испитување на потребните стручни и аналитички способности и претселекција од заинтересираните кандидати.

Nashuatec ден

Пренесување на сите новини за Nashuatec брендот до корисниците и подигање на задоволството на корисниците преку периодично дружење и собирање. Целиот настан беше осмислен, координиран и спроведен од Намико.

 


назад